Фото: СДСМ

По изборот на новата Влада, претседателот на СДСМ и мандатар за состав на владиниот кабинет Димитар Ковачевски ќе упати покана до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за средба на која ќе се разговара за актуелните прашања, како и да се изнајде решение за закони од интерес на граѓаните.

– Вечерта кога бев избран за претседател на СДСМ, а Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, имавме телефонски разговор дека по изборот на нова Влада ќе се видиме и ќе разговараме за актуелната состојба, рече Ковачевски во Топ Тема на ТВ „Телма“.

Ковачевски смета дека политичарите треба да ги здружат сите сили, и на ниво на партија, на ниво на коалиција, но и на држава и сите да дадат придонес кон најдобро и најбрзо решавање на проблемите.