Фото: МИА

Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека на денешната средба на работната група за нов деловник во рамки на процесот Жан Моне, главно, било разгледувано носењето закони во редовна постапка односно од 132 член натаму. Џафери рече дека на 2 ноември ја закажал оваа средба и дека претходната била одложена на барање на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Џафери, интенцијата е да се има консензуално решение за деловник. Гледаме, рече тој, дека имаме попречување на работата на Собранието. Тој кажа дека поддршката од ЕП преку европратениците е да се изнајде консензуално решение.

На денешната средба на Работната група учествуваа сите претставници на сите пратенички групи освен на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, како и советниците професорите Владо Поповски и Јетон Шаќири.