фото: Маја Јаневска-Илиева

Очекувам во првиот круг гласовите да се поделат на повеќе страни и не очекувам дека има некој било каква шанса да добие во првиот круг, меѓутоа во вториот очекувам да влезам и да ги добијам изборите на крајот, порача Стево Пендаровски, актуелниот претседател на државата и кандидат на коалицијата предводена од СДСМ за претстојните претседателски избори, на отворањето на Централниот штаб во Скопје.

Посочи дека на претстојните избори има седум кандидати, најмногу досега во македонската историја,и додаде дека само 1999 година имавме шест кандидати.

– Денеска го отвораме свечено Централниот штаб за мојата граѓанска кандидатура во центарот на Скопје, меѓутоа и од денеска е првиот ден на кампањата. Продолжуваме попладне со посета на неколку населени места на неколку општини на Четвртата изборна единица со завршната средба со граѓани за денеска во Прилеп – изјави Пендаровски.

Во текот на кампањата, до крајот на првиот круг, како што кажа, планирана е посета на 65 населени места во сите изборни единици во сите општини во земјава.