Фото: МИА

Митингот на ДУИ во Чаир беше концерт со скапи пејачи, истакна потпретседателот на ДУИ и лидер на „Огнената група“, Изет Меџити, во емисијата „Тема на денот“ на телевизија „Сител“.

– Тоа во Чаир беше концерт, тоа се скапи пејачи – рече Меџити.

Тој не признава дека веќе не е претседател на партискиот огранок во Чаир, при што истакна дека на министерот за надворешни работи Бујар Османи му измислиле паралелна партиска функција.

– Не постои координатор за политички прашања во Чаир. Се прави дуализам и расцеп во огранокот – смета Меџити, додавајќи дека Груби јавно подал рака за помирување додека истовремено се разрешуваат функционери од „Огнената група“.

Митингот уследи откако лидерот на ДУИ, Али Ахемти, за координатор на огранокот на партијата во Чаир го назначи Бујар Османи, место кое долго време му припаѓаше на Изет Меџити, лидерот на т.н. „Огнена група“ која бара промени во врвот на партијата.