Фото: Влада

Премиерот Димитар Ковачевски на денешниот брифинг со новинарите рече дека нема проблем да го отстапи премиерското место на ВМРО-ДПМНЕ ако, наместо него, Христијан Мицкоски или некој друг член на опозицијата стои како предлагач на уставните измени, пренесува Макфакс.

-Јас сум потписник на предлогот за уставните измени. Ако некој од ВМРО-ДПМНЕ сака да ја има таа чест, јас со задоволство ќе му ја отстапам – рече Ковачевски.

Тој додаде дека нема против ни со тоа СДСМ да отстапи половина од министерските места на ВМРО-ДПМНЕ за да влезат во Владата. Целта, како што рече, е заеднички да ја донесат одлуката за уставните измени и да се продолжи патот за евроинтеграциите.

Според Ковачевски, гласањето уставни измени за вметнување на Бугарите како малцинство во Уставот треба да биде веднаш. Исто така, рече дека треба веднаш да има и парламентарни избори.