Резултатите од пописот веќе неколку дена ја брануваат домашната јавност. Аналитичари, статистичари, политичари и други професионални структури и категории на граѓани веќе излегоа со свои оцени и коментари, при што за некои од нив објавените резултати се нереални, па дури и карикатурални. Во таа насока, во функција на едно поинакво прикажување на пописот, нашиот весник направи обид низ призмата на една уметничка креативност и авторска инспиративност, преку ликовен приказ, да се презентираат различните мислења за пописот. Пренесуваме како некои ликовни уметници, карикатуристи, дизајнери го видоа и отсликаа пописот.