Фото: Маја Јаневска Илиева

Претседателскиот кандидат, Стевче Јакимовски својата претседателска кампања ја започна од Тетово каде оствари средба со граѓаните, информираат од Центарот за комуникаци на ГРОМ.

-Им благодарам на тетовчани за срдечниот пречек и навистина ми е чест што претседателската трка ја започнувам во Тетово. Огромната поддршка е доказ дека на граѓаните им е преку глава од црно-белиот свет на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, тетовчани бараат промени – рекол Јакимовски.

Со тетовчани кандидатот за претседател Јакимовски разговарал за проблемите и решенијата кои ги нуди коалицијата „Храбро за Македонија“.

-Имав шанса да поразговарам за проблемите со кои се соочуваат храбрите тетовчани, нашата коалиција „Храбро за Македонија“ има визија, имаме решенија и ќе донесеме суштински промени. Како претседател на Република Македонија нема да ги делам граѓаните по етничка и верска припадност, јас ќе бидам претседател на сите и секој граѓанин во мене ќе има свој заштитник – истакнал Јакимовски.

Тој од Тетово порачал дека нема повлекување се додека не се промени црно-белиот свет на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

-Денеска тргнуваме „Храбро за Македонија“, нема назад и нема повлекување се додека не го промениме црно-белиот свет во Македонија – потенцирал претседателскиот кандидат Стевче Јакимовски.