Ако постои политичка волја, со обична нота се известува дека тоа не значи непријателство кон соседната држава, туку преиспитување на позициите – посочи професорката Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на Македонија, во разговор за „КТВ“.
– Договор за таканаречено, добрососедство. Тешко на онаа држава што има такви соседи, кои ѝ задираат во идентитетот, во историјата, во постоењето – вели Ванковска.
Таа појаснува дека тој договор не предвидува промена на Устав, и дека тоа е еден кус договор на две странички со 13-15 членови.
– Во него има клаузула за раскинување. Таму е најлесно! Таму не е дури ни сложено како ова со Преспанскиот – истакна Ванковска.
– Ние сакаме добрососедство, меѓутоа не под услови во кои вие ни кажувате дека имаме заедничка историја и кои сме ние, од каде доаѓаме – вели Ванковска во разговор на „КТВ“ .