Hanno Pevkur
Фото: ЕПА

Американскиот Конгрес одобри паричен пакет воена и одбранбена помош во износ од 228 милиони долари (209 милиони евра) за балтичките земји Литванија, Латвија и Естонија.

Естонскиот министер за одбрана Хано Певкур по повод најавениот пакет изјави дека „поддршката на Соединетите Американски Држави значително им помогна на Естонија, Латвија и Литванија да забрзаат неколку проекти за развој на воената инфраструктура и одбранбените капацитети“ – пренесе „Асошиејтед прес“.

– Овој пакет воена помош испраќа јасна порака дека САД, како најголем сојузник во НАТО, се посветени на безбедноста и стабилноста на нашиот регион – додаде тој.

Основана во 2020 година, Балтичката иницијатива за безбедност (БСИ) е иницијатива преку која Министерството за одбрана на САД го поддржува развојот на воените способности на трите балтички земји.

Фокусот на американското финансирање е на развојот на воздушната одбрана, подготвеноста за поморска безбедност и копнените сили во земјите од балтичкиот регион, а дополнителни 225 милиони долари помош од БСИ им беа доделени на трите земји во 2023 година.

Во декември минатата година, Соединетите Американски Држави и Литванија, Латвија и Естонија се договорија за петгодишен план за соработка во областа на одбраната и националната безбедност.