Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој се наоѓа на Самитот во Прага на иницијативата за формирање на Европска политичка заедница, на Инстаграм објави фотографија со премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, јави дописникот на МИА од Белград.
– Со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, исто како во студентските денови, додека ја чекаме следната средба – напиша Вучиќ во описот на фотографијата на неговиот инстаграм-профил.