Фото: Официјална интернет-страница на бугарскиот претседател

Новата Влада не треба од отстапи од националните позиции особено кога залог се бугарскиот идентитет и историја и правата на нашите сонародници зад границата, порача актуелниот бугарски претседател Румен Радев, во првата изјава по изборната победа со која освои втор мандат. Допрва се очекуваат преговори за новата бугарска влада.

Премиерот Зоран Заев соопшти дека на Радев му ја честитал победата.

– Во телефонскиот разговор што го имав со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, му ја честитав победата на претседателските избори и посакав добробит за нашиот сосед и за целиот бугарски народ – објави Заев на социјалните мрежи.

Во објавата тој додава дека со Радев се согласиле оти Бугарија и Македонија ќе продолжат низ дијалог и меѓусебно разбирање да бараат решенија во име на заедничката европска иднина.