Фото: Игор Бансколиев

Во рамки на официјалната посета на Македонија, полскиот претседател Анджеј Дуда и неговиот домаќин, претседателот Стево Пендаровски, положија венци на гробот на Гоце Делчев, во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Претходно, претседателот Пендаровски, во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот Дуда, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации на Македонија и Полска, претседателите имаа заедничка прес-конференција.