Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Брисел, денескасе сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

На средбата беше дискутирано за соработката помеѓу Македонија и НАТО Алијансата, за актуелните регионални и безбедносни прашања, за надворешно-политичките приоритети на земјава и за можностите за продлабочување на соработката во справување со последиците од глобалната пандемија на ковид-19.

Пендаровски во разговорот со Столтенберг, ја реафирмираше подготвеноста и посветеноста на Македонија во промовирање на мирот и стабилноста, истакнувајќи дека земјава и во иднина активно ќе придонесува во меѓународните мировни мисии предводени од НАТО во регионот и пошироко.