Интерпелацијата за вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров не помина во Собранието откако против неа гласаа 55 пратеници, наспроти 53-те гласа „за“, по жестоката дебата.

Откако беше исцрпена листата на пратеници кои требаше да говорат, претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека последен ќе се обрати Димитров. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески бараше да говорат уште двајца пратеници, што беше одбиено од Џафери, кој најави дека пратениците ќе гласаат пет минути пред полноќ, пред да прогласи пауза.

Интерпелацијата за одговорност на Димитров беше поднесена од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот Антонио Милошоски кажа дека ја поднесуваат интерпелацијата затоа што Димитров не го почитувал Собранието, не постигнал никаков успех, како и поради, како што рече, пасивноста на секретаријатот за европски прашања.