Избирачките места на кои граѓаните можеа да гласаат на вториот круг од шестите претседателски избори, се затворени во 19 часот.

По затворањето на избирачките места можат да гласаат единствено лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

Вкупно 1.808.131 граѓанин запишан во избирачкиот список можеа да гласаат на 3.480 избирачки места во државава и на 32 во странство. Гласачките места беа отворени во 7 часот изутрина.