Премиерот Зоран Заев утре ќе се сретне со вработените во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), кои се очекува да му ја предадат петицијата со која бараат да ја преиспита одлуката за разрешување на директорот на институцијата Стојко Пауновски.

Заев истакна дека по средбата ќе го потврди веќе искажаниот став, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го разреши Пауновски.

Пауновски преку медиумите се изјасни дека поголемиот дел од 35-те прераспределени рамковни административци не се прифатливи за ДПИ, поради несоодветно образование.