Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска ќе се сретнат со шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, на маргините на Светскиот економски форум во Женева.

Дендиас посочи дека средбата со Заев и Димитров ќе ја искористи за да се информира и да ги слушне нивните позиции, истакнувајќи дека Грција разговара и со Италија и со Германија, бидејќи европската перспектива на земјите од регионот, за Атина, е директно прашање.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Гениматас рече дека разговорите ќе се фокусираат на Договорот од Преспа и спроведувањето на реформите, на вчерашниот брифинг со новинарите.

Спроведувањето на Преспанскиот договор исто така беше една од темите во интервјуто на Дендиас за „Тема фм“, како и на брифингот на портпаролот на грчкото МНР. Шефот на грчката дипломатија рече дека потребно е правилно спроведување, додавајќи дека ниту една од страните не може во рамките на меѓународното право да помисли за невалидност на спогодбата, а портпаролот на грчкото МНР истакна дека Атина тесно следи дали другата страна ги исполнува обврските.