Фото: Игор Бансколиев

Според правните експерти и политичари со кои се консултиравме, овој документ е „еден во низата што ја демаскираат улогата на фашистичка Бугарија во Втората светска војна, но и сегашната ролја, односно, меѓународно недопустлива улога на уривач на принципите на меѓународното право“. Документот, меѓу другото, има за цел, токму пред меѓународната јавност „да станат видливи оние структури, држави и влади, кои не само што го негираат холокаустот туку и го толерираат антисемитизмот и ја потхрануваат хегемонијата, а своето актуелно членство во евроатлантските асоцијации го користат за да ги газат основните демократски права на колективитетите и поединците“!

Бугарија го негира теророт над македонските Евреи, но САД и Германија размислуваат поинаку

Откако САД и Германија потпишаа документ за соработка и заедничка дипломатска битка против оние што го негираат холокаустот, низа историчари, професори и правници ни обрнаа внимание дека токму гореспоменатиот документ „е еден во низата што ја демаскираат улогата на фашистичка Бугарија во Втората светска војна, но и сегашната, меѓународно недопустлива улога на уривач на принципите на меѓународното право“. Документот, меѓу другото, има за цел, токму пред меѓународната јавност „да станат видливи оние структури, држави и влади, кои не само што го негираат холокаустот туку и го толерираат антисемитизмот и ја потхрануваат хегемонијата, а своето актуелно членство во евроатлантските асоцијации го користат за да ги газат основните демократски права на колективитетите и поединците“! Згора на тоа, државите како Бугарија преземаат и низа зафати за ретуширање и ревизија на историските вистини и факти, за да ја одбегнат својата улога и инволвираност во нацистичката историја. Според познавачите на меѓународното право, методите на официјална Софија, токму кон Македонија, воопшто не се поместиле, па болшевичко-фашистичко-апсолутистичките форми и методи сѐ уште се во сила.

Заедничка дипломатска борба на САД и на Германија

Во своја информација на оваа тема, „Гласот на Америка“ информира дека САД и Германија најавиле дипломатска офанзива дека заедно ќе се борат против негирањето на холокаустот и против антисемитизмот.
Државниот секретар Ентони Блинкен пред Споменикот на убиените Евреи во Европа, кој се наоѓа во Берлин, изјавил дека негирањето на холокаустот и антисемитизмот денеска одат рака под рака со хомофобијата, ксенофобијата, расизмот и другите форми на дискриминација и стануваат „обединувачки повик на оние што сакаат да ги урнат нашите демократии“.
„Гласот на Америка“ информира дека за овој чин Блинкен и германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас потпишале документ за партнерство и спроведување политики во овој правец.
Од друга страна, пак, актуелните случувања се интересни за следење од Македонија бидејќи во спорот што го имаме со Бугарија се соочуваме со апсурдот во кој Софија нѐ држи надвор од вратите на ЕУ, негирајќи ја нашата историја и меѓу другото се противи на светските историски факти поврзани со нивната фашистичка окупација врз нашата земја за време на Втората светска војна.

Договорот меѓу САД и Германија ќе изврши дипломатски
притисок врз Софија

Политичарите со кои се консултиравме, но и политички аналитичари велат дека актуелниот процес може да биде поттик да се изврши дипломатски притисок врз Софија да ги помести своите ирационални позиции од наметнатиот спор, кој нѐ држи надвор од вратите во ЕУ.
Македонската политичарка Рашела Мизрахи во својот осврт на актуелните случувањата констатира дека политичкиот чекор на САД и на Германија е добредојден и во Македонија, но и во регионот и тој со сигурност ќе биде добро прифатен од сите еврејски заедници и во земјата и во нашето соседство.
Таа вели дека политиката на Македонија е во тесна врска со актуелниот процес што во моментов добива нова свежина, а го предводат владите на САД и на Германија, бидејќи во нашето собрание уште од 2018 година од пратеници на повеќе наши партии беше изгласана слична декларација, која се осврнува на случувањата околу депортацијата на Евреите од Македонија во логорот на смртта во „Треблинка“.
Мизрахи објаснува дека овој чин во правец на спорот што го имаме со соседна Бугарија ќе биде порака до оние да не ги искривуваат историските факти и наративи поврзани со холокаустот.
Сличен став има и политичкиот аналитичар Синиша Пекевски, кој, пак, оценува дека сега е вистинскиот момент да се притисне Бугарија да се извини и да признае дека била фашистички окупатор во Македонија во Втората светска војна и дека го организирала холокаустот врз македонските Евреи.
Дополнително, вели Пекевски, моменталната дипломатска иницијатива, која ќе ја предводат Мас и Блинкен, е одличен механизам со кој светската дипломатија би можела евентуално да го разобличи нелогичниот и нерационален спор што го имаме со Бугарија, кој ги негира историските светски факти како холокаустот и притоа нѐ држи надвор од членство во ЕУ.

[email protected]