Фото: Архива

Управниот суд ја прифати тужбата на Движењето Беса, со која се оспорува одлуката на Државната изборна комисија за прегласување во општина Желино.

Управниот суд одлучи во корист на тужителот на Движењето Беса и го потврди прелиминарниот изборен резултат каде победи кандидатот на Беса, Блерим Сејдиу.

Претходно, по одлуката на ДИК за прегласување во Желино, во петокот на 5 ноември, Арјанит Хоџа пред медиумите рече дека ДУИ манипулира со изборниот резултат и дека неговата партија дискутира за излегување од влада.

Тој изјави дека нема да биде министер во овој владин кабинет.