Под покровителство на германската фондација „Конрад Аденауер“ во Скопје се одржа конференцијта „Конзервативните народни партии градат мостови кон заедничка европска иднина“, на која се обрати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– За нас ова претставува посебен момент бидејќи покрај нас, покрај коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, тука се и претставници од нашата сестринска партија од Албанија, Демократската партија која што ја предводи мојот пријател господинот Љуљзим Баша со кој што имаме исклучително квалитетна соработка и во рамките на Европската народна партија.

Како сестрински партии во рамките на Европската народна партија заедно со нашите пријатели овдека во Македонија, тоа е Алијансата на Албанците и Алтернатива можеме и тоа како да допринесеме во иднина за брз напредок на нашата држава во рамките на евроинтеграциите и спроведувањето на реформскиот процес. Она кое што денеска не обединува е нашата десна конзервативна идеологија – посочи Мицкоски во своето обраќање. 

Тој објасни дека на настанот не успеале да присуствуваат претставници од сестринска партија ЛДК од Косово, кои сепак како, што рече, ќе земат учество преку видео-врска.

– На овој начин и тие ќе можат да ги пренесат нивните очекувања од годините кои следат, а поврзани со европерспективите во регионот – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.