Алијансата за Албанците ќе го поддржи претстојниот референдум закажан за 30 септември, одлучи денеска Централното собрание на партијата.

Според лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, партијата ќе се вклучи во кампањата за поддршка на референдумот, но има зебелешки кои не биле земени предвид бидејќи биле исклучени од одлучувањето.

– Алијансата за Албанците ќе го повика членството да го поддржи референдумот со нашите забелешки што веќе јавно сме ги искажале околу Договорот со Грција. Тука треба да се спомене дека ние не сме биле за ваква формулација на прашањето околу референдумот. За жал, бевме исклучени за да одлучиме, изјави Села.

Тој смета дека повикот на претседателот на Собранието Талат Џафери сите пратенички групи и независни пратеници да се изјаснат дали ќе се вклучат во кампањата и каков став ќе заземат, како и дадениот рок од три дена, е дрзок и непотребен чин. На Алијансата, како што посочи, не и е најважно да добие пари за кампањата.