Хеликоптерот „Бел 412“ од Хеликоптерската единица за полициски намени и припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ денеска дејствуваа на пожарот во реонот на Јасен. Во 17 циклуси на хеликоптерот „Бел 412“, исфрлени се над 25 тони вода, информира МВР.
– Благодарение на одличната соработка помеѓу овие две единици, со координирани дејствија од воздух и од земја, под контрола е ставен фронтот кој имаше опасност да го загрози резерватот Јасен – стои во соопштението од МВР.