Фото: Архива

Од денеска ќе може да се скија на Попова Шапка, информираат од ски-центарот откако изминативе десетина дена наврнаа потребните 30-40 сантиметри снег за да може да се подготват патеките. Ски-лифтовите и жичарниците ќе работат од 8.45 до 15.30 часот, додека работно време на билетарниците е од 8 до 16.15 часот.

– Се е подготвено за скијање, со специјалните возила и машини „ратраци“ за обработка и подготување на скијачките терени се оспособија патеките за скијање. Скијачите ќе имаат прилика да ги користат сите четири ски лифтови Поток 1 и Поток 2, Аеродром и ГЕ како и жичарниците Свети Илија, Церипашина и новата шестоседна жичница – изјави Живе Алексовски, извршен директор на ЕЛЕМ Турс.