Фото: Принт-скрин

Актерот Митко Апостоловски почина на 67-годишна возраст. Веста за смртта ја пренесе неговиот колега Петар Горко преку социјалната мрежа Фејсбук.

– Почивај во мир, колега, пријателе, прекрасен човеку. Неизмерна загуба чувствувам. Нека ти е вечен споменот – напиша Горко.

Митко Апостоловски е роден во Битола на 7 март 1955 година. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (отсек за драмски глумци), а работел во Народниот театар во Битола и во Народниот театар во Куманово.

Тој ќе остане запаметен по значајни улоги во бројни филмови и серии, меѓу кои се оние во „Наши години“, „Илинден“, „Белото циганче“, „Бог да ги убие шпионите“, „Проколнатите“, „Заборавени“, „Офицер“, „Денес утре“, „Во светот на бајките“, „Големата вода“, „Јас сум од Титов Велес“, „Трето полувреме“, „Тврдокорни“, „До балчак“, „Последниот Македонец“…