По повод Денот на независноста, денеска во 19 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје Артилерискиот баталјон на Армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија.
Од Генералштабот на Армијата информираат дека во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба, со истрелување на еден плотун од шест артилериски орудија.
Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на Армијата, кои се реализираат по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста.
































