Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска до пратеникот Драган Ковачки упати барање за извинување, информираат од Министерство за одбрана.
-Барањето за извинување е за лагите што ги изнесува за наводниот секс-скандал и наводното прикривање од страна на министерката. Доколку тој во рок од 48 часа од приемот на Барањето не се извини ќе му биде поднесена тужба за клевета – стои во соопштението од МО.