Фото: Влада

Претседателот на бугарската Влада, Кирил Петков, денеска ја пофали министерката за надворешни работи Теодора Генчовска од партијата „Има таков народ“, за напредок во преговорите за европска иднина на Македонија. Петков, во интервју за БТВ, изјави дека со нејзините неодамнешни разговори во Скопје, успеала да ги зголеми можностите за европските партнери да се согласат првата меѓувладина конференција да се одржи дури по промената на Уставот во Македонија.

– Министерката Генчовска разговарала дека само доколку се промени Уставот ќе се одржи првата меѓувладина конференција за која гарантираат нашите европски партнери. Односно пред ваква средба Бугарите треба да бидат вклучени во Уставот и тоа да го гарантира Европа – изјави Петков во програмата „Лице в лице“, неколку часа откако партијата „Има таков народ“ се повлече од владината коалиција.

Тој го оцени тоа како невиден успех за тимот на Министерството за надворешни работи, кој во моментов е само на ниво на предлог. Петков посочи дека сите нови можности за кои се разговара, сакал да бидат на една маса од сите, додавајќи дека тоа е новиот предлог што сака да го коментира.