Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на повеќе места ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринските температури ќе се движат меѓу 14 и 22 степени, додека дневните ќе достигнат од 33 до 39 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Попладне во одделни делови од котлината се можни изолирани врнежи од дожд проследени со грмежи. Минималната температура ќе изнесува околу 21 степен, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Според прогнозите, сончевото и многу топло време ќе се задржи до понеделник, при што дневните температури насекаде ќе бидат над 33 степени. Промена на временските услови се очекува во вторник, кога ќе има нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе се намалат за неколку степени.
































