Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Северна Македонија избра осум новинари, меѓу кои и еден од МИА, и седум судии за членови на Судско-медиумскиот совет.

Како што информираат од Здружението, за членови на Судско-медиумскиот совет од редот на новинарите се избрани Александар Атанасов од МИА, Васко Маглешов од „Призма.мк“, Елена Ивановска Мукоска – ТВ Телма, Зоран Јаневски – ТВ Сител, Ардит Рамадани – ТВ Алсат, Михаела Димовска – ТВ Канал 5, Михајло Донев – ТВ 24 и Самије Дураку – МТВ2.

Од редот на судиите се избрани Мирјана Лазарова Трајковска, судија на Врховниот суд, Иван Џолев – претседател на Основниот кривичен суд – Скопје, Бурим Сејдини – претседател на Управниот суд, Ѓорѓи Андонов – претседател на Основниот суд – Штип, Емилија Шопар Јованова – судија во Основниот граѓански суд, Јасмина Шишковска Стојковиќ – судија во Основниот суд – Прилеп и Бетим Јахја – судија на Основниот суд – Тетово.

Управниот одбор на Здружението на судиите, согласно своите надлежности кои произлегуваат од статутот на Здружението на судиите востановува, односно избира членови на Судско-медиумски совет од редот на новинарите по претходно остварени консултации со медиумските куќи од новинарите кои известуваат во правосудната област и од редот на судиите по предлог на претседателот и Управниот одбор на Здружението, согласно Одлуката за формирање на Судско-медиумски совет и Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за формирање на Судско-медиумскиот совет.