Фото: Влада

Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври- Денот на народното востание.

– Победничкото антифашистичко народноослободително движење, на првото заседание на АСНОМ го официјализира и идеалот за македонската држава и ние како граѓани, сме и мораме да бидеме вечно благодарни. Го продолжуваме нивниот пат во истата насока, избирајќи го напредокот и мирот на државата и создавајќи подобар живот за сегашните и идните генерации. Обединети, на вистинската страна продолжуваме напред. Нашите најголеми победи како во минатото, да ги направиме најголеми успеси во сегашноста и иднината, вели Ковачевски во објавата на „Фејсбук“