Фото: „Бубо“ Неготино

Момче од Неготино ја растеше косата седум години и сега ја донира за перика за деца болни од рак, објави МИА. Станува збор за 11-годишниот Марио Стојановски кој е среќен што може да израдува некое дете и да му помогне во моментите на борба со болеста.

– Не ми е жал за косата, затоа што знам дека со ова помагам некому што има потреба од поддршка. А косата, пак ќе ми порасне – вели Стојановски.

Неговите родители се среќни што нивниот син донел една ваква хумана одлука и заеднички со него, посакуваат здравје, љубов и среќа за сите луѓе во светот.

Марио Стојановски е ученик во основното училиште „Страшо Пинџур” во Неготино.