Фото: Пиксабеј

По повод 29 Септември – Светскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје денеска организира теренска превентивна активност насочена кон подигнување на свеста на граѓаните за значењето на кардиоваскуларното здравје и превенцијата на кардиоваскуларните заболувања.

ИЈЗ соопшти дека негови тимови во 10.30 часот ќе постават пункт во трговскиот центар „Дајмонд мол“ каде што граѓаните ќе може да добијат бесплатен преглед и совети од стручни лица и дека пунктот ќе биде посетен од министерот за здравство Сашо Клековски.

-Целта на активноста е преку непосреден контакт со граѓаните да се испрати порака за важноста на редовната грижа за здравјето, навременото препознавање на ризик-факторите и усвојувањето здрави животни навики – соопшти Институтот за јавно здравје.