Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово пристигна во посета на Украина, во знак на поддршка на украинското лидерство и украинските граѓани во борбата за одбрана на својата земја и зачувување на својот суверенитет.
Петровска во Украина при средбите со претставници на официјален Киев, соопштија од МО, ќе го пренесе ставот кој Македонија го имаше од самиот почеток на руската агресија, а тоа е дека целосно го поддржуваме украинскиот суверенитет во своите меѓународно признати граници и дава поддршка на правото на Украина за самоодбрана. Воените дејствија, уништувањата и страдањата на украинскиот народ, се наведува во соопштението од МО, мора веднаш да запрат.
Како што е најавено, министерката Петровска во Украина лично ќе се запознае со последиците од уништување и разорување, а од претставниците на официјален Киев одблиску ќе се информира за состојбата на теренот.