Robert Miloseski
Фото: Приватна архива

Австралиецот со македонско потекло Роберт Милошески, од прилепското село Алинци се стекна со функцијата советник во општината Равенсторп по одржувањето на локалните општински избори во Западна Австралија.

Тој е првиот Австралиец со македонско потекло избран на оваа функција во истоимената општина.

Милошески е успешен бизнисмен кој се занимава со изградба и продажба на станбени и комерцијални објекти. Роден е во Перт, Австралија, но со потекло од село Алинци во Прилепско.

Почесниот македонски конзул Зоран Ќосески од името на македонската амбасадорка во Австралија, Билјана Стефановска-Сековска, на Милошески му пренесе топли поздрави со желба за успех на новата функција.