Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека денеска е одржан работен состанок посветен на Реформската агенда и процесот на европска интеграција, на кој преку видео-врска се обрати директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман.
Како што информира Мицкоски во објава на социјалните мрежи, на состанокот бил разгледан досегашниот напредок во спроведувањето на реформите, следните активности и координацијата меѓу институциите со цел реформскиот процес да продолжи ефикасно, навремено и во согласност со утврдените приоритети.
– Остануваме посветени на спроведување на реформите што ќе придонесат за поефикасни институции, подобри услуги за граѓаните и забрзан напредок на државата – истакна премиерот.
Работниот состанок е дел од активностите насочени кон исполнување на реформските обврски поврзани со европската интеграција и унапредување на соработката со институциите на Европската Унија.
































