Илустрација/Фото: Архива

Марјан Спасовски е разрешен од должноста директор на Управа за извршување на санкциите на денешната владина седница, информираа од Владата.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера најави смена на директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски откако избега осуденик од затворот во Идризово. Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата рече дека е незадоволен од работата на Спасовски и затоа ќе бара негова замена.

-Веќе отпочнав процес на селекција на нов директор на Управата за извршување на санкции – рече вчера Ковачевски.

Во однос на директорот на затворот Идризово, Ковачевски кажа само дека тој е назначен од пред неколку месеци и промената била направена врз основа на консултации што ги имал со меѓународни институции во делот на управувањето на затворски систем и на финансиски институции кои финансираат унапредување на затворскиот систем на државата.