Фото: Влада

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ информира дека одобрени се 100 милиони евра европски средства за Македонија.

– Ангажманот на ЕУ за Северна Македонија на дело, одобрени се 100 милиони евра европски средства. Денес Европската Унија и европските институции уште еднаш ја покажаа поддршката за нашата земја. Европратениците во Европскиот парламент со огромно мнозинство гласови го усвоија предлогот на Европската комисија за макрофинансиската помош за Северна Македонија за поддршка на македонската економија од последиците од воената агресија на Русија врз Украина – објави Маричиќ на својата Фејсбук страница.

Тој воедно се заблагодари на ЕУ, како што вели, која секогаш била со нас во време на криза и која е наш партнер во економската и социјалната трансформација на македонското општество за побрз напредок и постигнување резултати кои нè доближуваат до ЕУ.