Фото: Левица

Политичката партија Левица безрезервно ја поддржува протестната блокада на активистите од „Здрава Котлина” и Струмичко која ќе се оддржи на 15 јули во Струмица и која има за цел одбрана на Струмичка котлина, југоистокот и Македонија од рудникот на смртта „Иловица-Штука”, информираат од паријата.

-Силите на Левица, како и досега, се на целосно располагање во оваа борба. Воедно го повикуваме народот масовно да се приклучи како во оваа блокадата, така и во понатамошната борба против ова зло кое демне над Македонија. Рудник на смртта во Иловица нема да има! – велат од партијата.