Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска по повод 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба упати честитка до граѓаните.
-На Денот на македонската револуционерна борба, со гордост се сеќаваме на храброста и истрајноста на македонските револуционери во борбата за независност и македонска државност. Без македонските револуционери, нивната прогресивност, нивната силна желба за слобода и правда, незамислив е континуитетот на ослободителната борба и вековниот идеал за независна македонска држава. Нивната храброст и одлучност е мотив ние денес гордо и достоинствено, обединети и со забрзан чекор да ги остваруваме државните цели. Учиме од историјата и чекориме силно и храбро кон иднината – се вели во честитката.