Многу е важна соработката на централната и локалната власт, развиените општини значат посилна економија, порача денеска премиерот Димитар Ковачесвки пред настанот по повод 50 години од постоењето на ЗЕЛС.

Како што истакна Ковачевски, целта на Владата е сите ресурси да се насочат кон севкупен развој на државата.

-Државата силно го подджува рамномерниот регионален развој и затоа реализира инфраструктурни проекти за подобри услови за живот во општините и проекти кои ја зголемуваат нивната финансиска независност, нагласи премиерот.

Се реализира, потсети, реформа за унапредување на фискалната децентрализација преку три главни столба: раст на приходите на општините, отплата на долговите и домаќинско, транспарентно работење, рече Ковачевски.

-Инфраструктурните проекти за поддршка на општините се многу важни. Затоа Владата реализира 94 проекти преку ТАВ програмата, вредни 49,7 милиони евра. Дел се завршени, а дел се во завршна фаза и треба да бидат спроведени во 2022 година, а крајниот рок за нивно завршување е 2023 година – подвлече Ковачевски кој во оваа прилика.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска претходно кажа дека по пет децении успешно функционирање, ЗЕЛС и натаму успешно ја остварува својата примарна фуниција – да ги реализира барањата на единиците на локалната самоуправа за поголема фискална независност и стабилност, како и застапување на нивните интереси.

-ЗЕЛС е формирана пред 50 години со обединување на 34 општини, а денес обединува 80 општини и градот Скопје – истакна Арсовска.