Фото: МИА/Архива

Во Владата утре попладне ќе се одржи средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потврдија за МИА од Владата.

Средбата, како што информираат од Владата за МИА, ќе се одржи во 16 часот.

Претходно, во емисија на телевизија 24, Маја Кадиевска од ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека е прифатена поканата од премиерот Ковачевски и дека на средбата ќе присуствува економскиот тим на партијата предводен од Христијан Мицкоски.

– Прифатен е повикот од премиерот Ковачевски за утрешна средба каде ќе присуствува економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Христијан Мицковски. Ги нудиме нашите ресурси и концептот. Утре ќе биде запознаен и премиерот. Би требало да се разговара во вакви тешки времиња и треба да седнеме заедно најголемата опозициона партија со Владата – изјави вечерва Кадиевска.