Фото: Маја Јаневска-Илиева / Архива

Времето во земјава денеска ќе биде сончево и потопло со умерена облачност која попладне ќе се зголемува и локално ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува, прогнозира Урпавата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а дневната ќе се движи од 17 до 23 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд. Од почетокот на следната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме, особено во вторник.