Фото: Маја Јаневска-Илиева

Времето денеска ќе биде променливо облачно и тивко. Наутро и претпладне по котлините со појава на магла која во средината на денот ќе ослаби. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 16 степени.

Во Скопје, информираа од Управата за хидро-метеоролошки работи – УХМР, времето ќе биде променливо облачно, од наутро магливо и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 9 степени.

– До понеделник продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, од утре со зголемена променлива облачност. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и таму температурата преку денот ќе биде пониска. Од понеделник преку денот ќе дува слаб до повремено умерен претежно југозападен ветер – соопштија од УХМР.