Фото: Маја Јаневска-Илиева

Во викенд-бројот на „Нова Македонија“ прочитајте ја колумната на претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев.

Академик Коцарев на извонредно пластичен начин во неговата колумна ќе понуди „лично согледување за нашата улога и одговорност во решавањето на современите проблеми и на предизвиците исправени пред нашето општество“!

…Не се сомневајте дека ќе продолжам да пишувам, а ги повикувам сите јавно да ги изнесат ставовите за македонските предизвици… Моите пишувања се сведоштва за моите лични согледувања и ставови, изградено врз научно поткрепена анализа. Во суштина, сите мои јавни излагања може да се сумираат во еден параграф. Ако зборот „македонизам“ подразбира просторен и милениумски континуитет на македонскиот јазик, идентитет и народ, чиј национален супстрат го сочинуваат Македонците што живеат во државата Македонија, во соседството (вклучувајќи ги тука и Грција, Бугарија и Албанија) и низ целиот свет – факти што се верификувани од светската наука и поддржани од МАНУ… тогаш дали документите што ги негираат тие факти и промовираат невистини, лаги и манипулации, а тоа се договорите со Грција и со Бугарија, Македонците и македонската научна јавност треба да ги отфрлат и да ги осудат? Или, по којзнае кој пат, ќе молчиме со наведнати глави!? Дали претседателот на највисоката научна и уметничка институција во државата треба да молчи за документи што промовираат невистини, иако јавноста сѐ погласно го бара токму спротивното?

Целата колумна прочитајте ја во викенд-изданието на „Нова Македонија“