Фото: Факултет за мuзичка уметност-Скопје

Секоја минута се зголемува бројот на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани.

Од Факултетот за музичка уметност во Скопје соопштија дека загинала и Сара Пројкоска, вонреден професор, која на синоќешниот концерт на ДНК била придружен вокал.

„Со длабока жалост и неверица , ве известуваме дека нашата колешка, вонр.проф. м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика“ напишаа коелгите на Сара на социјалните мрежи.

Меѓу загинатите е и гитаристот на ДНК, Александар Коларов, како и фотографот на групата Александар Ефремов.