Фото: Илустрација/Принтскрин

Двајца Македонци утрово биле затрелани во Халкидики, Грција.

Крвавиот инцидент се случил околу 3.30 часот, во нивната изнајмена соба, откако непознати мажи со качулки на главата им влегле во собата и пукале во нив.

Едниот, на возраст од 39 години, добил најмалку 20 куршуми и починал на лице место, јавуваат грчките медиуми.

Неговиот 45-годишен пријател е хоспитализиран со повреди во болницата Полигирос.

Медиумите пренесуваат дека починатиот е познат бизнисмен од Скопје, сопственик на казино.

Полицијата во Полигирос спроведува прелиминарна истрага.

Двајцата бизнисмени биле активни во Македонија, во казино и фабрика за пијалоци, пишуваат грчките медиуми.

Денеска напладне двајцата бизнисмени требало да се одјават од хотелот.

Според информациите на Амбасадата на Македонија во Грција, на местото на настанот моментално се наоѓаат повеќе тимови на грчката полиција и работат на расчистување на околностите на настанот.