Фото: Макфакс

Возило со косовски регистарски таблички паднало во реката Лепенец на патот Скопје – ГП Блаце. Во возилото покрај возачот имало и тројца сопатници. Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица се трага, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска околу 15 часот е пријавено дека на патот Скопје-ГП Блаце се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Б. од Скопје и патничко возило „бмв“ со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П. од Косово, кое по несреќата паднало во реката Лепенец – стои во соопштението од МВР.

Оттаму дополнуваат дека во возилото „бмв“, покрај возачот, имало и тројца сопатници.

– Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица се трага – велат од МВР, дополнувајќи дека по лицата трагаат екипи од Одделот за специјални полициски операции.