Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола денеска ги лишиле од слобода В.И. (47) и Г.Т. (46), двајцата од Битола, затоа што кај нив бил пронајден и одземен шприц со наркотична дрога.

Приведен е и Р.С. (20) од Прилеп, утрово во 01:10 часот од ул. „Војводинска“ во Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

По целосно документирање на случаите, информираа од МВР, против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци.