Фото: Маја Јаневска-Илиева / Архива

Маж бил прагазен од возило, а неговото мртво тело лежело на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Долно Блаце.

Телото на мажот било најдено во близина на клучка Стенковец, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

Засега нема информации кој го управувал возилото и го прегазил човекот.

Извршен е увид од Јавен обвинител, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.