Фото: МВР

Полицијата во координирана акција со колегите од Килкис, Грција, спречила транспорт на 85 килограми марихуана, при што има четворица приведени, додека во Грција е распишана потрага по грчки државјанин, информира МВР.

Полициски припадници вчера на планината Беласица забележале трактор и моторцикл кои се движеле кон државната граница, по што го известиле Одделот за криминалистичка полиција, откаде што стапиле во контакт со колегите во Килкис.

Фото: МВР

Во Грција потоа биле пронајдени и запленети 54 најлонски пакети кои содржеле вкупно 85 килограми канабис во возило со грчки регистарски таблички, како резултат на заедничките координирани активности помеѓу македонските и грчките служби.

Во исто време, приведени се М.Р. (34) од Струмица, С.Р. (29) од Струмица, Г.Х. (33) од Струмица и Ј.И. (38) од Струмица. Од страна на СВР Струмица поднесена е кривична пријава против наведените лица до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје.

Фото: МВР